Mожности за стипендии од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд

(Скопје, 12.04.2016) – Започна кампањата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ за стипендирани студии за академската 2016/ 2017 година. Можности за стипендии има многу, а стипендиите се нудат на додипломско и постдипломско ниво преку локалната канцеларија на Универзитетот во Скопје. Во исто време, во тек е и отворениот конкурс за стипендии за извршните МБА студии „Борис Трајковски” овозможени од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

– Годинава повторно доделуваме 40 стипендии од кои 15 за модулот за системско менаџирање, 15 во делот на претприемништвото и 10 во рамки на модулот за анализа на финансиите. Верувам дека и оваа година, како и минатите, ќе има огромен интерес и повторно ќе бидат искористени сите стипендии кои ги доделува МОН во соработка со Академијата. Апелирам сите заинтересирани граѓани од јавниот и приватниот сектор да аплицираат за да ги добијат овие средства во висина од 30.000 денари, изјави Ристовски во одговор на прашање по увидот во градежните активности за изградба на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода.


Континуираната и долгогодишна соработка на Универзитетот со институциите во Република Македонија и основните принципи на работа на Универзитетот Шефилд се клучни мотиви за подготовката на овој тип кампања и отворање можности за што поголем број кандидати да се стекнат со академско искуство преку еден од најдобрите образовни системи во светот! Преку ваквата соработка се реализира и една од главните цели на Универзитетот, интернационализацијата, односно поддршката за развој на регионот, преку соодветна понуда на стипендии за сите заинтересирани кандидати кои би сакале да го надградат своето образование.

Покрај интернационализација на квалитетното образование, Универзитетот Шефилд се залага и за истражувачката работа, поконкретно во Југоисточна Европа, како основа на едукацијата и иновациите, и за индивидуализираната грижа за секој студент.

Универзитетот Шефилд од Велика Британија припаѓа на 1% од најдобрите универзитети во светот, рангиран на 80 место, односно на 28 место во Европа, според ранг листата QS. На Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во Солун, кој е составен дел од Универзитетот, студентите имаат можност да аплицираат за студиски програми во делот на Психологија, Компјутерски науки, Бизнис, администрација и економија, и Англиски јазик.

Повеќе информации се достапни на (02) 3064 533 или на www.citycollege.sheffield.eu



 

Објави: