Интервју со Елизабета Попоска, студент на ЕМБА програмата
Елизабета Попоска е уште една од многуте млади професионалци кај кои желбата за надградување и постигнување повисоки кариерни цели, никогаш не престанува. Елизабета, потрагата по нови знаења и професионално унапредување, ја продолжува на ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, како стипендист на Борис Трајковски програмата преку Министерството за образование и наука на Република Македонија. Студиите ги завршува паралелно со својот професионален ангажман во банкарскиот сектор и за стекнатото знаење и квалитетот на образовната програма на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд вели дека се на највисоко ниво.
Дали Вашите очекувања се адекватни на реалното искуство? Што посакувавте при апликацијата, што очекувавте кога ја добивте стипендијата и Вашата позиција во таа насока денес, една година подоцна.
Работам во НЛБ Тутунска банка во Секторот за Финансиско управување, која може да се пофали со неколку вработени кои ги завршија ЕМБА студиите на Универзитетот Шефилд и со оглед и на нивното позитивно искуство ја поднесов апликацијата. Очекувам да го обновам и проширам моето теоретско знаење како би можела во иднина да го употребам во работењето, да ги унапредам и подобрам моите способности, мојата самодоверба и се надевам во иднина и мојата професионална кариера.
Што би сакале да споделите со нас поврзано со ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд? Дали имате нешто да издвоите како дел од Вашето искуство?
Морам да ги пофалам и да им се заблагодарам на сите професори кои се признати експерти во нивната област и кои го делат нивното искуство и знаење со нас. Самите предавања се доста интерактивни,што не беше случај во текот на моето претходно студирање, и после секое завршување на предавањата си одимесо ново искуство и со многу нови идеи.
Каде се гледате себеси во иднина? Дали оваа стипендија и студиите на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд ви помогнаа на некој начин при Вашата самореализација?
Како што кажав јас сум задоволна од изминатиов период, но тоа е само еден помал дел од целиот процес на овие студии. Во јуни месец не чека една работна недела на Универзитетот Шефилд во Англија, која верувам ќе биде уште едно незаборавно искуство. Останува уште многу работа која секако ќе резултира во позитивни резултати во иднина.
И за крај, што би им препорачале на сите идни кандидати и студенти?
Мислам дека ова е една одлична можност што треба да се искористи, не само за дипломирани економисти и вработени во економската област, туку ова претставува многу добра можност за сите кои сакаат да го унапредат своето работење во сите области. Сите мои колеги од областа на фармацијата, правото, производствената индустрија, од информатичката технологија,со помош на практичниот дел и истражувачкиот дел од овие студии, почнуваат да мислат како економисти и да имаат поинаков пристап кон својата работа. Овие студии се предвидени за студенти кои имаат работни обврски, некои и фамилијарни обврски и иако одземаат значително време, со добро менаџирање на времетои обврските кои ги имаме сè може да се заврши навреме
Објави:
