15 факти зa Меѓународниот факултет, Сити Колеџ и Универзитетот Шефилд, еден од најдобрите универзитети во светот

Напредни академски програми, кои водат до стекнување со светски признати дипломи од еден од најдобрите универзитети, високи оцени од страна на студентите, листа од еминентни научници и доктори на науки, акредитации од професионални тела, апликативни истражувачки програми и квалификации за создавање професионална кариера, се неколку од причините што Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд го позиционираат како врвна образовна институција во Југоисточна и Источна Европа.
Овие се 15-те непобитни факти што придонесуваат за репутацијата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд:
1. Меѓународниот факултет е еден од 6-те факултети на Универзитетот Шефилд и единствениот што се наоѓа надвор од Велика Британија.
2. Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд е акредитиран и признаен од страна на бројни, врвни професионални тела и институции, како што се: BAC, AMBA, AACSB, BCS, CMI и UK NARIC.
3. Универзитетот Шефилд е еден од најстарите британски универзитети.
4. Универзитетот Шефилд се наоѓа помеѓу Врвните 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ.
5. Според QS листата за рангирање на универзитети од 2015 година, Универзитетот Шефилд е рангиран на 80-то место во светот и на 28-то место во Европа.
6. Пет добитници на Нобеловата награда доаѓаат од Универзитетот Шефилд.
7. Научници по физика од Универзитетот Шефилд се дел од тимот кој заедно со НАСА отвори нов прозорец на универзумот со детекција на гравитациони бранови од судир на црни дупки. Истражувањето го потврдува предвидувањето на Алберт Ајнштајн од 1915 година за општата теорија на релативноста.
8. Центарот за истражување и развој на Универзитетот Шефилд има воспоставено партнерство со Боинг што резултира со создавање светски водечки модел за истражувачки центар во авионската индустрија.
9. Освен главниот кампус во Солун, Меѓународниот факултет, исто така, работи и на други локации во Југоисточна и Источна Европа (Бугарија, Романија, Србија и Украина) со студенти од повеќе од 20 земји, што придонесува за зајакнување на меѓународниот карактер и влијанието на оваа институција.
10. Меѓународниот факултет нуди серија на додипломски и постдипломски програми за Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки и Студии по англиски јазик, кои им овозможуваат на студентите дипломи од Универзитетот Шефилд.
11. Меѓународниот факултет ја нуди Извршната МБА програма во регионот од 1993 година, со што оваа програма се потврдува како единствена и интернационална од типот. Денес оваа програма е достапна за студентите во Солун, Софија, Букурешт, Белград и Киев.
12. Дипломираните студенти на Меѓународниот факултет се дел од глобалната мрежа на Универзитетот Шефилд, составена од повеќе од 135.000 алумни низ целиот свет.
13. Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во 2003 година го основа Истражувачкиот центар на Југоисточна Европа (SEЕRC), кој спроведува мултидисциплинарни истражувања во регионот.
14. Мнозинството од академскиот кадар (70%) на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд поседува докторски титули. Сите членови на академскиот кадар имаат долгогодишно искуство во настава, како и професионално искуство.
15. Главниот кампус на Меѓународниот факултет се наоѓа во Солун, кој се смета за еден од најдобрите градови за студирање во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Солун е студентски центар на повеќе од 80.000 студенти!

 

Објави: